Основање на институт 4Р

ИНСТИТУТОТ 4Р е формиран на 26. декември 2009 година во Скопје од истакнати научни работници од повеќе општествени области:
 
  • Социологија
  • Политикологија
  • Право и Меѓународно право
  • Односи со јавност
  • Комуникации 
Основната идеја за да биде формиран Институтот 4Р се јави како резултат на соработката меѓу колеги што работеле на реализација на истражувачки проекти поединечно или во тимови. 

Мотив и потреба

Како мотив беше и утврдената потреба на потенцијалните корисници од истражување на пазарот и испитување на јавното мислење, како и подготовка на анализи.

За ова значаен придонес има и сознанието дека на секое општество, компанија, институција, граѓанско здружени им е потребно конкретно знаење за објективното мислење на јавноста.

Стекнатото знаење е во функција на прилагодување на сопствените политики и активности за барањата и потребите на граѓаните, на членовите на нивната организација, на вработените во фирмата, на купувачите на нивите производи, на клиенти на партнери, и на соработници.

Во секое време може да одговори на потребите на клиентите со зголемување на бројот на анкетари и може истовремено во еден регион да има повеќе анкетни тимови на терен. 

м-р Славе Младеновски

Претседател на Управен Одбор на Институт 4Р
Институтот 4Р врши квантитативни и квалитативни испитувања на јавно мислење и истражувања на пазарот.

4Р Методи

Координаторите на истражувања се обучени личности со долгогодишно теренско истражување и со својата работа обезбедуваат квалитетно собрани податоци за анализата

ИНСТИТУТОТ 4R спроведува квантитативни и квалитативни испитувања на јавното мислење и истражувања на пазарот со користење различни методи и техники, со електронски и автоматизирани средства за прибирање, внесување и обработка на податоци.
ИНСТИТУТОТ 4R на барање на клиентите за потребите на институцијата или компанијата врши обуки, семинари и работилници за вработените со цел да ги подобрат своите вештини во контактите со клиентите.
ИНСТИТУТОТ 4R по направените анализи во договор со клиентите и корисниците изработува стратегии за комуникација со јавноста што подразбира приближување до одредени целни групи: (граѓани, постојните клиенти и придобивање нови корисници).
ИНСТИТУТОТ 4R реализацијата на истражување преку фокус групи ја спроведуваат модератори со долгогодишно стручно искуство и знаење од областа за која се врши анализата и со комуникациски вештини.
Имате потреба од нашите услуги?
Контактирајт нѐ за да дознаете повеќе.