ИНСТИТУТОТ 4Р е формиран на 26. декември 2009 година во Скопје од истакнати научни работници од повеќе општествени области:
- Социологија
- Политикологија
- Право и Меѓународно право
- Односи со јавност
- Комуникации
Како мотив беше и утврдената потреба на потенцијалните корисници од истражување на пазарот и испитување на јавното мислење, како и подготовка на анализи.
За ова значаен придонес има и сознанието дека на секое општество, компанија, институција, граѓанско здружени им е потребно конкретно знаење за објективното мислење на јавноста.
Стекнатото знаење е во функција на прилагодување на сопствените политики и активности за барањата и потребите на граѓаните, на членовите на нивната организација, на вработените во фирмата, на купувачите на нивите производи, на клиенти на партнери, и на соработници.
Во секое време може да одговори на потребите на клиентите со зголемување на бројот на анкетари и може истовремено во еден регион да има повеќе анкетни тимови на терен.